Поранешниот капитен на Ливерпул, а сегашен телевизиски аналитичар, Џејми Карагер, тврди дека Црвените се сериозен кандидат за титулата во Премиер лигата и се поблиску до освојување на трофејот отколку што мислат повеќето луѓе.
По убедливата победа од 3-0 над Манчестер јунајтед, Карагер изјави дека успехот е важен знак за амбициите на тимот.
„Ливерпул ги доби првите два натпревари од новата сезона, па дури и реми на ‘Олд Трафорд’ ќе беше добар резултат за нив. Историски гледано, гостувањата на овој стадион беа тешки за Ливерпул, но овојпат тие победија со леснотија“, изјави Карагер.
Тој додаде дека победата на „Олд Трафорд“ им дава самодоверба на играчите и на навивачите.
„Оваа победа треба да им даде доверба на тимот и на навивачите. Овие играчи освоија многу, но можеме да видиме дека можат целосно да му веруваат на својот нов менаџер. Можеби овој тим е поблиску до титулата отколку што мислат луѓето“, заклучи Карагер.