Легендарниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, изјави дека Манчестер сити и покрај достигнувањата во последните години, не може да го надмине Манчестер јунајтед во однос на историското значење кое го има.
„Манчестер сити никогаш нема да биде поважен од Јунајтед, а натпреварите на Ливерпул против Сити никогаш нема да бидат поважни од натпреварите на Ливерпул против Манчестер јунајтед. Тоа едноставно нема да се случи. Историски гледано, Ливерпул и Манчестер јунајтед секогаш ќе бидат двата најголеми тима во Англија. Едноставно, така е. Не мислам дека тоа некогаш ќе се промени. Сити можеби има повеќе трофеи и титули во Премиер лигата, но тешко е да се замисли кој било клуб во оваа земја што некогаш ќе ги надмине Ливерпул или Манчестер јунајтед по големина и статус“, искоментира Карагер.

