Триото Стивен Џерард, Франк Лампард и Пол Сколс, одбележа една златна ера на одлични англиски фудбалери за врска, а на Островот уште има дебати кој од нив тројца бил најдобар играч.
Џејми Карагер кој сега е аналитичар, а во минатото му беше соиграч на Џерард, мисли дека таквара дебата е беспредметна, бидејќи екс капитенот на Ливерпул бил многу подобар од другите двајца.
„Луѓето мислат дека не ми се допаѓаат Лампард и Сколс затоа што уште кога се појави дебатата, јас кажав дека и тие беа неверојатни играчи, дебата не може да има, ни приближно. Ќе ви кажам и зошто. Алекс Фергусон проба да го купи Џерард, истото го направи и Мурињо. А, тие веќе ги имаа Сколс и Лампард“ – вели Карагер.
Карагер додаде и дека Џерард е единствениот со кој никогаш не се скарал на терен.
Лампард одигра најмногу мечеви, имаше најмногу голови и асистенции од нив тројца, а Сколс освои убедливо најмногу титули во Премиер лигата, 11, додека Џерард не освои ниту една (Лампард освои три).