3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Карагер: „Ова беше најдобриот натпревар сезонава, не сакав да заврши“

Манчестер јунајтед и Борнмут одиграа лудо реми со осум гола на „Олд Трафорд“, а на играта на двете екипи се воодушевуваше и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер. Според него, ова беше најдобриот натпревар сезонава.

„Штотуку го гледавме најдобриот натпревар оваа сезона. Ова е тоа што ја прави Премиер лигата најголема на светот, најголем производ, како сакате наречете го, на светот. Не сакавме да заврши натпреварот, а се чувствуваше дека и судијата не сакаше“, вели Карагер, кој сега работи како стручен коментатор на „Скај спортс“.

Црвените ѓаволи дури трипати имаа водство, но Борнмут се враќаше, дури имаа и предност од 2-3, а на крајот може да дојдат и до победата.

- Оглас -

Најнови вести