Челзи го доби дербито против Ливерпул (2-1) со гол во 95-тата минута, но веднаш следуваше црвен картон за тренерот на Сините, Енцо Мареска. Тој веќе имаше жолт картон, па заработи и втор поради бурната прослава на голот.
Црвениот картон автомаски значеше дека нема да има можност да им се обрати на новинарите на прес-конференција, правило кое важи во Англија за исклучените тренери.
„Ми се допадна поставата на Челзи, ми се допадна како постојано трчаше крај линијата, не можам да верувам да не може да дојде и да разговара со нас, тоа е смешно, сакате да слушнете што има да каже. Ова е голем резултат за него. Со оваа победа ќе изгради посилна врска со навивачите“, рече легендарниот Џејми Карагер, кој сега е во улога на стручен коментатор.
Карагер побара да биде променето правилото, според кое исклучен тренер не може да присуствува ниту на прес-конференција, па пред новинарите се обрати помошникот на Мареска, Вили Кабаљеро.