Карагер за победата на Ливерпул: „Ова беше еден од најголемите грабежи во историјата“

Џејми Карагер е жива легенда на Ливерпул, но по победата на Црвените над ПСЖ, даде по малку контроверзна изјава. Светците комплетно го надиграа лидерот во Премиер лигата и само вистинско чудо ги спречи да победат убедливо, а тоа чудо е голманот на Ливерпул, Алисон.

„Не можам да верувам во она што го гледав, ПСЖ беше чудесен и целосно го надигра Ливерпул. Ова беше еден од најголемите ‘грабежи’ во историјата. Можеби ова е најдобрата партија во кариерата за Алисон, а секако најдобра во дресот на Ливерпул. Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите, а за тоа има добри шанси, тогаш неговата партија ќе се памети со години“, рече Карагер, кој сега работи како стручен коментатор.

Џејми Карагер целата своја фудбалска кариера ја мина во Ливерпул. Од 1988 до 1996 беше дел од младинските категории, а откако дебитираше за првата екипа, го носеше црвениот дрес во следните 17 сезони, односно до 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести