Иранскиот каратист Саджан Ганджадех е освојувач на златниот медал во Токио, на начин кој досега не е забележан во историјата на ЛОИ. Во категоријата до 75 килограми Ганджадех во финалето се сретна со Тарег Хамеди од Саудиска Арабија и беше инфериорен во борбата.
Хамеди лесно поведе со 2:0, потоа со удар во глава зголеми на 3:0, а веднаш потоа беше и 4:0 за каратистот од Саудиска Арабија. Ганджадех намали на 1:4, а Иранецот тргна во напад, кога доби контра удар. Хамеди со нога го удри противникот во глава и буквално го патосираше.
Иранецот мораше да биде изнесен на носилки и да му биде дадена лекарска помош, а Хамеди се радуваше на златото. Сепак, судиите по консултанција одлучија дека ударот на Хамеди не користел контролирана сила, што е еден од главните правила во оваа дисциплина. Поради неконтолираниот удар со цела сила, каратистот од Саудиска Арабија беше дисквалификуван, а златото заврши за Ганджадех кој беше изнесен на носилки.
Iba a ser el primer oro de la historia, en cualquier deporte, para Arabia Saudí pero la patada, que dejó grogui al iraní Ganjzadeh, es DQ y deja a Tareg Hamedi con la plata #Karatepic.twitter.com/M3MPI8hIbj
— Eldrick ISB-David FC (@EldrickISB) August 7, 2021