Браќата Кари имаат различен план – Стефон ја подготви метлата, Сет бега од чистка

Демијен Лилард (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс, НБА, 03 часот)

Без расположен Лилард, нема победи за Портланд, а тимот е пред метла во финалето во Западната конференција. Сепак, момците од Портланд се жилави, нема да се предадат и ќе сакаат барем со една победа да се простат од плејофот.

Се чини дека Голден стејт и без Кевин Дурант е пресилен за ривалот, особено ако Лилард не погодува. Ноќеска бекот на домаќините ќе нема притисок, и тој и неговиот тим немаат што да загубат, па ќе типуваме дека Лилард ќе ја мине границата од 25.5 поени, колку што е во специјалниот додаток во обложувалн ицте на Sport Life.

Предлог тип: Лилард >25.5 поени (1.95)

 

Си-Џеј Мекалум (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс, НБА, 03 часот)

Шанса на Портланд за прва победа против шампионот е да се разигра бековската линија, а тандемот Лилард-Мекалум е еден од најдобрите во НБА-лигата. И двајцата имаат квалитет за да бидат лидери на тимот, но досега играа како да се под огромен притисок.

Ноќеска Портланд може да биде и елиминиран, па нема што да се загуби. Очекуваме и Си-Џеј Мекалум да биде на препознатливо ниво, играше одлично во полуфиналната серија против Денвер и ако ги повтори игрите од таа серија и од регуларниот дел на сезоната, лесно ќе ја мине границата од 23.5 поени.

Предлог тип: Мекалум >23.5 поени (1.85)

 

Сет Кари (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс, НБА, 03 часот)

Помалиот од браќата Кари одигра еден добар меч во серијата против Голден стејт и против многу попознатиот Кари, Стефон, па сега е време да помогне од клупата за Портланд да не ја види метлата во финалето ноќеска од 3 часот.

Сет може да погаѓа во серија и кога е така, може да биде многу опасен за ривалите. Во Портланд покрај Олстар-калибар на бекови, какви што се Лилард и Мекалум, добива помала минутажа, но очекуваме ноќеска да биде на нивото на коешто може да игра. За него кога ќе му тргне шутот, границата од 8.5 поени е лесно остварлива.

Предлог тип: Сет Кари >8.5 поени (1.90)

 

Стефон Кари (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс, НБА, 03 часот)

Го нема Дурант и кога се чинеше дека шампионот ќе има големи проблеми со Портланд, на сцена стапи живата легенда во НБА, Стефон Кари. Повторно игра блескаво, лесно го полни кошот на Блејзерс, а триесетките воопшто не му се проблем.

Патем и многу мудро ја води играта на Голден стејт, екипа која повторно го има шампионскиот сјај. Чудесно изгледа како со Кари како лидер Вориорс имаат безброј решенија во нападот, иако големата ѕвезда Дурант не игра.

Стефон е во налет, а кога е така, нема екипа или кошаркар што може да го сопре извонреднито бек на шампионот. Иако сега за четвртиот меч границата за поени кај него е крената високо, треба да постигне најмалку 33 поени, ќе типуваме дека постариот од браќата Кари ќе го мине нивото 33 и дека ќе оди во плус и на четвртиот меч во финалната серија на Западот против Портланд.

Предлог тип: Стефон Кари >32.5 поени (1.87)

 

Дрејмонд Грин (Портланд трејлблејзерс – Голден стејт вориорс, НБА, 03 часот)

Извонредниот крилен центар на Голден стејт е еден од клучните фактори за предноста од 3:0 на шампионот против Портланд. Комплетно ги надигра ривалите од спротивниот табор, игра импресивно и во напад и во одбрана, а речиси на секој меч е или со трипл-дабл или блиску до него.

Тоа го прави фаворит за новитетот што Sport Life го воведе специјално за пелјофот или за популарната триплета. Комбинацијата од поени, асистенции и скокови е како погодена за играч од калибарот на Грин, а типуваме дека повторно ќе оди над 30.5.

Предлог тип: Грин >30.5 поени+асистенции+скокови (1.80)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести