Манчестер јунајтед продолжува со блескавите игри под водство на новиот тренер Мајкл Карик. За Црвените ѓаволи ова е петта победа во последните шест кола, а има и едно реми. Според многумина, најзаслужен за оваа трансформација во играта на Јунјатед е тренерот Мајкл Карик.
Некогашниот фудбалер на Црвените ѓаволи, а сега предводник од клупата, застана на чело на екипата, на местото на Рубен Аморим, кој доби отказ.
„Вложивме голем напор за да победиме тим како Евертон, кој играше одлично. Противникот постојано притискаше, па моравме да се браниме и во нашиот шеснаесетник. Одигравме врвно во одбраната“, рече Карик, кој додаде дека е многу важно што Манчестер не прими гол.
„Резултатите се добри, но сепак имаме уште многу да понудиме“, додаде Карик по синоќешната гостинска победа во Ливерпул против Евертон.

