Карим Бензема е исфрлен од тимот

Францускиот напаѓач Карим Бензема неодамна изненадувачки си замина од саудиска Арабија и тоа без да пријави во неговиот тим Ал-Итихад. Тоа заминување на Бензема беше знак дека нешто не е во ред меѓу Бензема и неговиот клуб. Подоцна голгетерот бил забележан како ужива во Дубаи во друштво на неговата поранешна сопруга.

Ал-Итихад ги започна подготовките во пресрет на вториот дел од сезоната, а Бензема не се појавил на закажаниот состанок и тренинг. Според најавите, тренерот на Ал-Итихад Марко Гаљардо решил да го исклучи Бензема од составот поради недисциплина. Дел од шпекулациите кои доаѓаат од Саудиска Арабија велат дека Бензема ги пропуштил и последние три тренинзи пред да почне мини-паузата, па ова е дополнителен аларм дека тој нешто не е задоволен од Ал-Итихад.

Бензема во Ал-Итихад пристигна минатото лето и веднаш ја доби капитенската лента. Во 20 меча кои ги одигра, постигна 12 голови, а имаше и пет асистенции, но неговиот тим ги нема посакуваните резултати. Ал-Итихад  е дури на седмото место на табелата со само 28 бодови, дури 25 помалку од лидерот Ал-Хилал, па уште сега е јасно дека нема да може да ја одбрани титулата.

- Оглас -

Најнови вести