Кариоките останаа без искусен играч за финалето против Перу

Бразил нема да смета на Вилијан во финалето против Перу на Копа Америка. Офанзивецот на Челзи се здоби со повреда на задниот дел на бутниот мускул во полуфиналниот меч против Аргентина, кој Кариоките со добија со 2-0.

Иако повредата не е сериозна, Вилијан нема да закрепне до недела, така што финалето ќе го проследи од трибините и не ќе може да им помогне на своите соиграчи. Инаку Вилијан во селекцијата на Кариоките беше принудно повикан како замена за Нејмар, а досега постигна еден гол во победата од 5-0 над Перу во групната фаза.

Финалето меѓу Бразил и Перу е закажано за во недела во 22 часот, а ќе се игра на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

- Оглас -

Најнови вести