17.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Карлос Алкарас преку Синер до титулата на УС Опен

Шпанецот Карлос Алкарас е победник на Отвореното првенство на САД, откако во финалето го совлада првиот светски рекет Јаник Синер со 3-1 во сетови. Тој покажа поголема умешност во финалниот двобој, имаше и поголема конзистентност во текот на мечот и заслужено го освои трофејот.

Алкарас почна фуриозно и го освои првиот сет со 6-2 во гемови. Но, потоа дојде одговорот и од Синер.

Италијанецот го освои вториот сет со 6-3. Кога се очекуваше да продолжи во ист стил, сепак, повторно „падна“.

Алкарас во третиот сет беше доминантен и го доби со 6-1 во гемови, а потоа славеше и во четвртиот сет со 6-4, за комплетирање на финалето за два часа и 43 минути.

Со овој триумф Алкарас ќе се врати и на првото место на светскиот ранкинг на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести