Карлос: Луксембурго ни забрани да пиеме, затоа остана само три месеци

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, Бразилецот Роберто Карлос, во интервју за една телевизија откри многу интересни детали од неговата кариера во Реал Мадрид, и откри која била тајната на успехот и неуспехот на одредени тренери кои минаа низ „кралскиот клуб“.

Пред 15-20 години, во Реал играа многу ѕвезди кои не е лесно да ги исконтролирате, а тренерите кои сакале да наметнат строгост, не си поминувале добро.

„Дел Боске ни закажуваше тренинзи само попладне, бидејќи знаеше дека ако закаже тренинг наутро, речиси никој нема да дојде. Такви ни беа навиките. Луксембурго прво што направи беше забрана за пиење пиво. Потоа ни забрани да пиеме и вино. Му кажавме дека ќе си има проблем. Резултатот го знаете, тој остана тренер само три месеци. Јас се молев да играме мечеви во сабота, за да можам во недела да одам да гледам трки од Формула 1, имавме приватни авиони, беше лудница“ – вели Карлос, кој од 1993 до крајот на кариерата кога патувал бил цимер со Роналдо Назарио, и вели дека повеќе спиел во иста соба со Роналдо отколку со сопругата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести