27.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Кармело на еден меч прескокна две легенди на Бостон на вечната листа на стрелците

Ветеранот Кармело Ентони во победата на Портланд над Филаделфија придонесе со 20 поени и тие 20 поени му помогнаа да стане 15-ти стрелец на сите времиња во НБА-лигата, иако пред мечот беше 17-ти. Ентони на вечната листа ги прескокна легендите на Бостон селтикс, Џон Хавличек и Пол Пирс.

На 14-то место е Тим Данкан со 95 поени повеќе од Кармело, а не се далеку ниту Доминик Вилкинс, Оскар Робертсон и Хаким Олајџувон, кои 36-годишниот Ентони ќе може да ги прескокне ако игра во иста ваква форма и во следната сезона. Околу 1.000 поени заостанува зад десеттиот Елвин Хејс и деветтиот Мозес Мелоун.

- Оглас -

Најнови вести