Лилард блесна со 51 поен и го остави Портланд во игра за плејоф (видео)

Со 51 поен и 7 асистенции за 40 минути, Демиен Лилард го предводеше Портланд до важен триумф над Филаделфија севентисиксерс со конечни 124:121. Првата ѕвезда на Блејзерс ја зеде работата во свои раце и практично сам ги реши Сиксерси, па на тој начин ја остави екипата во игра за осмото место на Западот, на кое засега виси Мемфис.

На два, односно три меча до крајот на регуларната сезона, Мемфис и Портланд се борат за последното место кое води во разигрувањата, двете екипи имаат по 33 победи, со тоа што Портланд има еден пораз повеќе по 72 дуели.

Расположениот Лилард блескаше со 16/28 погодени шута од игра, од кои четири се тројки, а пне погоди само едно од вкупно 16-те слободни фрлања и по петти пат сезонава одигра меч во кој реализира 50+ поени.

Втор најефикасен играч од составот на Портланд беше Кармело Ентони со 20 поени, додека кај Сиксерси, кои играа без повредениот Симонс, се истакна Ричардсон со 34 поени.

Останати резултати: 

Торонто 108:99 Мемфис, Њу Орлеанс 113:122 Сан Антонио, Бостон 122:119 Орландо, Сакраменто 112:129 Хјустон, ЛА клиперс 120:129 Бруклин.

- Оглас -

Најнови вести