Даниел Карвахал кој не играше на првиот меч во Минхен, утре се враќа во составот на Реал Мадрид за реваншот со Баерн и најави дека тоа може да биде последен меч од ЛШ за некои од неговите соиграчи во дресот на Реал на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Карвахал има пет титули во ЛШ, а ако ја освои и шестата, ќе се израмни со рекордерот Франциско Генто кој е единствен што шест пати бил европски првак
„Кога ќе дојде време за реванш во полуфиналето, на вашиот стадион, со ваша публика, нема што многу да се каже. Мотивацијата тече во крвта. Ја сонуваме 15-тата титула. Тоа не е порака за ароганција, туку порака што постои во соблекувалната која загуби само два натпревари сезонава и многу е блиску до ново финале. Се надевам дека не, но некој утре ќе го го одигра последниот натпревар од Лигата на шампионите на Бернабеу, се надевам дека ќе биде со победа на Реал Мадрид“, изјави Карвахал.
На листата на кандидати кои последен пат ќе играат меч од ЛШ во Мадрид во дресот на Реал се Начо, Себаљос, Модриќ, Кепа, можеби и некој друг.