Касано: „Да не го исклучеа Шчесни ќе беше 10:1 за Барселона“

Барселона буквално го растури Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Супер куп со 5:2, па и по два дена овој меч се уште е главна тема во Шпанија. Сега во дискусијата за Ел Класико се вклучи и поранешниот напаѓач на „кралевите“, Антонио Касано, кој откри дека отсекогаш бил навивач на Барселона, па фаовите на Реал сигурно ќе му се налутат.

„Она што ме излудува кај Барселона е нивниот стил на игра. За нив победа е што луѓето уживаат во нивната игра. Поседот на топка, нападите … Не постои екипа како што се тие, немаат воопшто страв. Ако Шчесни не добиеше црвен картон, ќе беше 10:1 за Барселона. Повторувам, 10:1, а не 10:2. Играв за Реал Мадрид во времето на Галактикосите и не жалам. Но дефинитивно уште повеќе ќе се жртвував да играв за Барса. Би сакал да имав можност да потпишам за овој клуб. Бев фудбалер на Реал Мадрид, никогаш немав можност да заиграм за Барса, но се заљубив и се уште сум заљубен во Барселона.“ – вели Касано.

- Оглас -

Најнови вести