Касемиро има понуда која не се одбива

Бразилецот Касемиро е еден од играчите на кои менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, не смета, и клубот веќе разгледува понуди за можен трансфер во јануарскиот преоден рок.

Англиските медиуми откриваат дека клубови од Саудиска Арабија го посакуваат Касемирo и му нудат огромна плата.

Со неделна плата од 350.000 фунти, Касемиро и сега е еден од најплатените играчи во Премиер лигата, а наводно Ал-Наср сега му нуди речиси двојно повеќе – 650.000 фунти неделно, додека Јунајтед би добил отштета од 30 милиони!

Јасно е дека таква понуда не можат да одбијат ниту Јунајтед ниту Касемиро, кој е свесен дека ќе биде во втор план и нема да игра многу за Аморим.

Касемиро во Јунајтед пристигна од Реал Мадрид во летото 2022 година за 70 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и не игра на своето ниво.

Со евентуално заминување во Ал-Наср, Касемиро би му се придружил на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести