Касилјас ќе се кандидира за претседател на Шпанската федерација

Икер Касилјас планира да поднесе кандидатура за претседател на Шпанската фудбалска федерација на следните избори кои треба да се одржат идната есен. Според шпанските медиуми, Касилјас веќе разговарал со управата на Порто, чијшто член е уште иако не игра активно.

Касилјас не е официјално во пензија, но е надвор од активности откако преживеа мозочен удар во мај минатата година. Поранешниот голман на Реал Мадрид ќе му биде противкандидат на актуелниот претседател Луис Рубијалес, кој посочи дека изборите може да се одржат и оваа пролет пред Европското првенство.

- Оглас -

Најнови вести