Каталонија слави: Барселона и четвртипат оваа сезона го победи Реал Мадрид! (Видео)

Барселона и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч на „Монжуик“, меч со седум гола и победа на „каталонците“ од 4-3. После овој натпревар јасно е дека Барселона има плус седум бода пред Реал Мадрид на три кола пред крајот на првенството, па трофејот од Ла Лига веќе е на пат кон Каталонија.

Сепак, дуелот започна како од соништата за „кралевите“. Килијан Мбапе со два гола во петтата и 14-тата минута донесе 0-2 за Реал Мадрид, но следуваа четири погодоци за домашните и убедливи 4-2 на полувремето. Ерик Гарсија и Ламине Јамал постигнаа по еден гол, а Рафиња погоди двапати. Фермин Торес беше фантастичен со три асистенции во првиот дел.

Шоуто и шестте голови од првиот дел може да ги погледнете ТУКА.

Во вториот дел гледачите имаа можност да видат само еден гол,кој беше дело на Килијан Мбапе во 70-тата со што беа поставени конечните 4-3 на „Монжуик“.

За Барселона ова е четврта победа на четвртиот меч во Ел Класико оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести