Барселона води со 4-1 по првото полувреме на гостувањето кај Бетис и најверојатно ќе ја продолжи својата најдолга победничка серија сеонава во Ла Лига.
Барса е на добар пат да дојде до шестиот лигашки триумф по ред, и тоа со шестиот пресврт сезонава, а трети по ред. Како и со Алавес и Атлетико Мадрид во претходните две кола, Каталонците први примија гол и вечерва во Севилја, но ги добија тие мечеви, рерчиси сигурно ќе победат и со Бетис. Барса досега доби пет меча на кои губеше, би требало да биде и шести, со што тие може да се наречат кралеви на пресвртите во Шпанија оваа сезона.
Иако Бетис поведе после само 6 минути игра, Барса знаеше што прави, и веќе во 13-та поведе 2-1 со два гола на Феран Торес. На 3-1 зголеми Руни Бардџи, а при крајот на првиот дел Ајкулата Торес направи хет-трик.

