Катарските сопственици на ПСЖ купуваат познат клуб од Шпанија

Катарските сопственици на ПСЖ својот бизнис со купување фудбалски клубови веќе го прошируваат и на Пиринејскиот Полуостров. Откако купија акции во португалска Брага, сега на ред е клуб од Шпанија.

Според Лекип, Ал-Келаифи преговара за купување на шпанскиот второлигаш Малага, а како дел од причините за оваа одлука е фактот дека овој град ќе биде еден од домаќините на Светското првенство во 2030 година. Стадионот наскоро ќе биде реновиран, а Малага е шестиот најголем град во Шпанија, па тоа за нив е пазар кој треба да биде освоен.

Малага беше редовен учесник во европските фудбалски купови, но веќе десетина години има големи финансиски проблеми и клубот не само што е далеку од враќање во Ла Лига, туку во моментов е на 15-тата позиција во втората лига со седум бода над опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести