35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Катарците имаат специјален план со собата во која спиеше Меси на СП

Аргентинската фудбалска репрезентација успешно ја заврши мисијата, а тоа е да го донесе светскиот трофеј во нивната земја по пауза од 36 години. Гаучосите се радуваа на Мундијалот во Катар откако во финалето дури по подобро изведување на пеналите ја победија Франција.

Пред да пристигнат во Катар, Аргентинците изненадија со своето барање да бидат сместени во студентски дом, каде што ќе може да прават скара, што е нивен традиционален начин на релаксирање. Уште во првите денови при доаѓањето во студенстскиот дом, Аргентинците се пофалија дека ја распалија скарата.

На универзитетот во Катар беа воодушевени дека Меси и другарите решиле да престојуваат во студентниот дом, кој станува и историски затоа што тоа беше домот на светските прваци.

По освојување на трофејот, Меси објави и фотографија како спие со трофејот во својата соба, а сега таа соба на капитенот на аргентинската репрезентација ќе стане и мал музеј, кој наскоро ќе биде отворен за јавноста.

Во собата ќе биде закачен дрес од Меси, кој Лео лично го има потпишано да остане како спомен во студентскиот дом. Таму се и сите предмети кои останале во собата откако си заминал Меси.

- Оглас -

Најнови вести