Аргентинците распалија скара во студентскиот дом во којшто се сместени во Катар

Аргентинската фудбалска експедиција одлучи во Катар да не биде сместена во некој од луксузните хотели кои ги нуди домаќинот, па за база на Гаучосите беше избран еден студентски дом.

Аргентинците открија дека главна причина за оваа одлука да бидат сместени во студентски дом е фактот дека во луксузните хотели нема да им биде дозволено да си прават скара, што е нивен традиционален начин за подигнување на атмосферата во екипата.

„Неколку пати го посетивме студентскиот кампус и се решивме за него не само поради тоа што е одличен, туку и затоа што има отворен простор за правење скара“, велат од Аргентинската федерација.

Дека правењето скара е адут за Гаучосите, се покажа веднаш. Во експедицијата кој денеска ги распали скарите во студентскиот дом има специјален скара мајстор за да подготви храна. Дефанзивецот Николас Талјафико преку социјалните мрежи се пофали дека тој и неговите соиграчи денеска ќе уживаат во специјалитетите на скара.

- Оглас -

Најнови вести