Кавадарци првпат во историјата виде европска победа на Тиквеш!

Ракометарите на кавадаречки Тиквеш со одлична игра стигнаа до победа од 33-29 над австрискиот Фортхоф Кремс во Европскиот куп. За кавадарчани ова е прва победа во историјата на домашен паркет, откако во минатото поранешниот суперлигаш ВВ Тиквеш забележа две победи, но двете на гостински терен.

Тиквеш уште од самиот старт на мечот покажа дека е поквалитетен противник и дека нема да се задоволи со ништо освен победа на овој меч. Кавадарчани во втората половина од првото полувреме дојдоа и до највисоките 16-10, но до крајот на првиот дел гостите успеаја да намалат на 19-16. Во финишот на мечот, Тиквеш првпат дојде и до највисоки +7, 32-25, но гостите од Австрија со серија од 4-1 во последните две минути успеаја да го ублажат поразот за конечни 33-29.

Нигериецот Ани Обина беше најефикасен во редовите на Тиквеш со 10 голови, воедно и на целиот натпревар, додека србинот Страхиња Симиќ даде седум погодоци. Реваншот во Австрија ќе се одигра во сабота.

- Оглас -

Најнови вести