Кавани е желбата на Симеоне за јануарскиот преоден рок

Атлетико Мадрид е подготвен да оди „ол-ин“ за услугите на Единсон Кавани. Уругвајскиот голгетер е примарна цел на Диего Симеоне за јануарскиот преоден рок, па веќе се крои план со кој би се задоволиле потребите на ПСЖ. Иако на Кавани му истекува договорот по крајот на оваа сезона, Јорганџиите посакуваат да го видат на „Ванда Метрополитано“ уште во првите денови од 2020 година, па затоа понудата ќе изнесува до 30 милиони евра за 32-годишниот искусен напаѓач.

Шпанскиот вицепрвак во досегашниот дел од сезоната се мачи со реализацијата, Алваро Мората и Диего Коста комбинирано имаат два погодоци во Ла Лига, исто колку и играчот за врска Томас Парти, па јасно е зошто Симеоне се обидува да ги добие услугите на Кавани.

Сепак, за најдобриот голгетер во историјата на ПСЖ постои интерес од Островот и Манчестер јунајтед покажа желба да го ангажира Кавани, но дури откако ќе му истече договорот по крајот на сезоната. Атлетико тука е во предност бидејќи е подготвен да троши средства за разлика од Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести