Кавани го разбуди Јунајтед, сè е отворено на „Олд трафорд“ (видео)

Единсон Кавани израмни на 2-2 против Рома веќе во третата минута од второто полувреме, па сега Манчестер јунајтед има доволно време да најде начин како да оствари победа пред реваншот во Рим.

Фернандеш овојпат во улога на асистент повлече контранапад за тимот на Солскјер и одлично го проигра уругвајскиот голгетер, кој на доста искусен начин го затресе горниот десен агол од голот на Волчицата.

https://streamable.com/z3ef02

- Оглас -

Најнови вести