1.8 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Кавани рече дека е доста: Ти благодарам фудбалу, ми овозможи да ги остварам соништата

Еден од најдобрите напаѓачи во последните две децении, Единстон Канави објави дека ја завршува кариерата. Популарниот Ел Матадор заминува во во фудбалска пензија на 38 години.

Кавани преку емотивна порака се збогува со активното играње.

„Ти благодарам, фудбалу. Ме обликуваше, ме предизвикуваше, ме научи повторно да станувам кога ќе паднев и да го ценам секој чекор од патувањето. Ми овозможи да ги остварам соништата кои, како дете, ми изгледаа невозможни, како и да запознаам неверојатни луѓе и на теренот и надвор од него. Ништо од ова немаше да биде можно без моето семејство, моите пријатели, моите соиграчи, тренерите и, пред сè, навивачите. Љубовта што ја добив од нив, во секоја земја и во секој клуб, е нешто што ќе го носам со себе засекогаш. Заминував во мир, со спокојството дека дадов сè на секој тренинг и на секој натпревар – со грешки, со успеси, но секогаш со почит кон оваа професија што ми даде толку многу“, напиша Кавани.

Прославениот голгетер кариерата ја започна во Данубио, а потоа замина во Европа во тимот на Палермо, кој му беше отскочна даска за блескавите моменти кои потоа му следуваа. Играше за Наполи, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Валенсија и Бока јуниорс.

Во репрезентативниот дрес на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 голови.

- Оглас -

Најнови вести