Кавани ѝ се наметна на јужноамериканската елита

Единсон Кавани долго ќе го памети вчерашното реми на Аргентина и Уругвај од 2-2. Голгетерот на ПСЖ го постигна 50-тиот погодок за својата репрезентација и се наметна меѓу јужноамериканската елита.

Уругваецот е само осми јужноамерикански фудбалер кој стигнал до бројката од 50 интернационални погодоци, па сега е во друштво со великани како Пеле, Меси, Роналдо Назарио, Габриел Батистута.

За 50-тиот гол во 116-тиот настап за Уругвај, на Кавани му асистираше Луис Суарес, напаѓачот кој е петти на оваа листа со 59 погодоци. Пред Кавани, во елитното друштво се Батистута (54 гола), Ромарио (55), Суарес (59), Нејмар (61), Роналдо (62), Меси (70) и Пеле (77).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести