Суарес го разигра Кавани, заби еврогол, но Меси му го украде шоуто (видео)

Уругвај и Аргентина ремизираа при конечни 2-2 во пријателската средба која се одигра во Тел Авив, Израел. Избраниците на Оскар Табарес до последните мигови имаа водство против Гаучосите и расположениот Лео Меси, а триумфот им го украде токму капитенот на Аргентинците иако Луис Суарес блескаше на средбата.

Голгетерот на Барселона прво му намести лесен подогок на Кавани во 34-тата минута, па Уругвај го искористи единствениот удар во рамките на голот на Андрада во првото полувреме. Аргентина дочека израмнување по малку повеќе од еден час игра. Меси изведе прекин, а Агуеро со глава го смени правецот на топката во вистинска насока.

Сепак, неизвесноста траеше само пет минути бидејќи во 68-та минута Суарес доби прилика да се закани од слободен удар од околу 20 метри, кој го изведе мајсторски за ново водство на Уругвај, кое Меси го анулираше со погодок од пенал во втората минута од судиското надополнување.

https://twitter.com/SportCentre11/status/1196531111263920130?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1196531111263920130&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fwp-admin%2Fpost-new.php

https://twitter.com/Ikemchingy/status/1196531947347963905

- Оглас -

Најнови вести