Домашниот терен и фактот дека се игра на вештачка трева, треба да бидат главни адути за Казахстан на утрешниот меч против Македонија во квалификациите за СП 2026.
Според најавите од домашните новинари, речиси 90 отсто од билетите се продадени и фудбалерите на Казахстан треба да добијат голема поддршка во обид да стигнат до втората победа во овој циклус. Стадионот има капацитет од 30.000 гледачи.
Сепак, Македонија ја има предноста во квалитет и тоа треба да биде клучно на теренот за на крајот нашата репрезентација да ги освои трите бода.