16.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Казахстан лесно го победи Лихтенштајн, а сега го чека пат кон Македонија

Репрезентацијата на Казахстан без многу проблемми стигна до победа над Лихтенштајн од 4:0 во меч од шестото коло во квалификациите за пласман на Светско првенство 206 година.

Ова е втора победа за Казахстан во овие квалификации и втор пат над Лихтенштајн, па сега има шест бодови на четвртото место на табелата. Лихтенштајн останува на дното без ниту еден освоен бод, дури и без ниту еден постигнат гол, а има примено дури 23 погодоци.

Во средината на второто полувреме Казахстан го скрши отпорот на Лихтенштајн кога погоди Кензхебак за 1:0. Само две минути погодцна, следуваше нова радост кај домашните фанови на Астана Арена во главниот град на Казахстан, кога Зајнутдинов погоди за 2:0.

Во второто полувреме, домаќините продолжија да напаѓаат, а тоа донесе нови голови. Во 59 минута Кензхебак погоди по втор пат за 3:0, а конечниот резултат го постави Касим со погодок во 81 минута.

Во следното коло, Казахстан в понеделник ќе гостува во Скопје на Македонија. Нашата репрезентација победи на гостински терен во Астана со 1:0 и сега ја има улогата на фаворит против Казахстан.

- Оглас -

Најнови вести