9.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Казахстанците го забавија патот на Македонија кон СП

Ремито од 1-1 дома против Казахстан, е кикс за македонската фудбалска репрезентација, и пропуштена шанса да се остане лидер на табелата во групата од квалификациите за СП 2026 во пресрет на ноемврискиот циклус во кој ќе гостуваме кај Велс.

Казахстан водеше, Македонија изедначи со прекрасен гол на Барди, на крајот 1-1 е можеби и реално според случувањата на теренот, иако тоа не е она што го очекувавме и посакувавме.

На другиот меч, Белгија победи на гости кај Велс со 4-2, па сега првото место ни е предалеку и само теоретски достижно со некакви чуда, но може да бидеме втори ако го победиме Велс, а можеби и со нерешено.

- Оглас -

Најнови вести