Казинс го „патосираше“ Дурант (Видео)

Голден Стејт вориорс наскоро ќе добие големо засилување на центарската позиција. После пауза од 11 месеци (нема играно од 26 јануари), Демаркус Казинс почна да тренира, а она што може да се види на една снимка од тренинг на „воините“, популарниот Буги е во добра форма и не ја загубил силата.

Казинс летоска потпиша за Вориорс за скромни 5,3 милиони долари, и уште нема дебитирано во дресот на актуелниот првак, бидејќи се рехабилитира по операцијата на ахиловата тетива. Неговиот камбек се ближи, а кога ќе заигра, нема да има проблем да доминира во рекетот и да биде важен играч во тимот кој е познат по најдобрата надворешна линија со шутери како Кари, Томпсон и Дурант.

Поранешниот репрезентативец на САД, во салата за тренинг одигра еден на еден против Дурант и акцијата ја заврши со забивање преку колегата, кој после судирот, се најде на паркет.

- Оглас -

Најнови вести