-7.2 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Казна и до 3.000 евра ако гледате фудбалски меч преку прозор од хотелската соба

Хотелот кој се наоѓа во склоп на стадионот на Блекпул, воведе парични казни кои може да достигнат и до 3.000 евра, доколку гостите од хотелскиот прозор го гледаат натпреварот, пишува англиски „Телеграф“.

Луксузните соби од хотелот во минатото биле ВИП дел за следење на натпреварите и има одличен поглед на теренот. Сепак, гостите во тие соби, кои за деновите кога се играат натпреварите може да достигнат сума и до 160 евра, ќе мора да стават завеси и нема да може да го гледаат натпреварот.

Новинарот на Телеграф кој неодамна престојувал во една таква хотелска соба за време на мечот меѓу Блекпул и Брентфорд не бил предвреме известен дека мора да ги затвори завесите од собата и не смее да гледа преку прозорот еден час пред почетокот на средбата и за време на 90-те минути игра на теренот.

„Ние како хотел не проверуваме, но апсолутно мора да ги спуштите завесите. Секако дека може да добиете казна до 3.000 евра ако ве фатат како гледате натпревар преку прозорот“, било предупредувањето кое рецепционерот го дал до новинарот.

Во хотелот потенцираат дека треба да се почитува законот за спортски настани од 1985 година кога започнува забраната за конзумирање на алкохол на местата од кои може да се гледа теренот. Тој закон важи за најсилните пет лиги во Англија.

Хотелските соби со поглед на теренот се места каде теоретски смее да се конзумира алкохол, што значи дека би дошло до кршење на строгиот закон и да дојде до казнување на оној кој го гледа фудбалскиот натпревар преку прозорецот од хотелската соба.

- Оглас -

Најнови вести