Барселона има и женска казнена експедиција што игра фудбал на врвно ниво, а денеска дамите во копачки од Каталонија приредија спектакуларно шоу во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Марта Торехон и нејзините клупски колешки го декласираа Реал Сосиедад со 10:1 во мечот за пехарот во Суперкупот на Шпанија.
Торехон постигна четири гола, а ова е највисока победа во финале на шпанскиот Суперкуп. Убедливата победа фаворитките ја најавија со блескава игра уште во првото полувреме што го добија со 6:0, а голеадата продолжи и во следните 45 минути.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1226493515665936385?s=20
На фајналфор турнирот за пехарот настапи и Леванте, екипа чиј член е најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова, но не играше во полфиналниот меч што нејзината екипа го загуби од Реал Сосиедад со 0:1.
Претходно Андонова настапуваше токму за новиот освојувач на пехарот во шпанскиот Суперкуп, за екипата на Барселона.