Казнената експедиција на Гвардиола немаше милост ни кон Евертон

Манчестер сити граби кон титулата во англиската Премиер лига откако со 3:1 победи на гости кај Евертон во заостанат меч. Со овие три бода, Сити стигна до 56 бодови и сега има дури 10 повеќе од второпласираниот Манчестер јунајтед и третиот Лестер. Актуелниот првак Ливерпул заостанува дури 16 бода зад лидерот.

За Сити ова е 12 победа во низа во првенството, а вкупно 17-та по ред во сите натпреварувања, нешто што претходно нема направено ниту еден друг тим во Англија.

Фил Фоден во 32-рата минута ги доведе гостите во водство, а надеж за Евертон даде Ричарлисон со погодокот постигнат пет минути подоцна.

Сепак, Евертон не успеа во вториот дел да го задржи ремито. Ријад Марез погоди за 2:1 за гостите во 63-тата минута, а победата на гостите ја потврди Бернардо Силва со погодок во 77-мата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести