Најсреќниот гол вечерва заврши во мрежата на Манчестер сити (Видео)

Евертон и Манчестер сити си дадоа по еден гол во првото полувреме, во заостанат меч од Премиер лигата. Сити во овој меч влезе со низа од 16 победи по ред во сите натпреварувања, но Евертон не се предава по првите 45 минути.

Фил Фоден погоди за водство на лидерот во Премиер лигата во 32-рата минута. Тој гол може да го видите ТУКА.

Радоста на Граѓаните траеше само пет минути затоа што Ричарлисон израмни за Евертон. Голот на напаѓачот на Евертон беше на среќа затоа што топката прво удри во стативата, а потоа се одби директно во ногата на Ричарлисон и заврши во мрежата на Сити. Погодокот може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести