Ќе беше изненадување ако Светците мируваа во последните часови од трансфер-пазарот

Како да беа малку големите имиња како Меси, Рамос, Донарума, Вајналдум, кои дојдоа како слободни играчи во Париз, а и скапо платениот бек Ашраф Хакими, па ПСЖ реши да се активира и во последните часови од летниот преоден рок.

Најновата и последна аквизиција на „Паркот на принцовите“ е 19-годишниот талентиран лев бек на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш. Светците за него ќе платат 7 милиони евра за едногодишната позајмица, а следното лето ќе имаат опција да ја активираат клаузулата од 40 милиони евра.

Мендеш беше голема желба на Пеп Гвардиола, меѓутоа Манчестер сити не сакаше да ги плати бараните 70 милиони евра, за на крајот португалскиот првак да се задоволи и со помалку од 50 милиони евра севкупно гледано.

- Оглас -

Најнови вести