Ќе биде бомба ако се реализира – Клоп го бара јунакот на финалето во ФА купот

Пјер-Емерик Обамејанг е при врвот на листата со желби на Јирген Клоп и на Ливерпул во летниот трансфер период и сосема е можно капитенот на Арсенал да се пресели во редовите на англискиот шампион.

Веста оддекна како бомба на Островот, но трансферот е остварлив и сосема можен. Јунакот од вчерашното ФА куп финале против Челзи со два гола му го донесе 14-от рекорден пехар на Арсенал во националниот куп на Англија, но има важечки договор само уште една година.

И според најавите, ако нешто не се смени со и по триумфот против Челзи на „Вембли“ Габонецот не сака да го продолжи договорот со Арсенал.

Капитенот на Топчиите би заминал за отштета од околу 50 милиони евра, што Ливерпул не сака да ја плати, но има комбинации за да ја намали цената, ако испрати пакет од играчи на „Емирејтс“ во Лондон.

Се споменуваат Шаќири, Вилсон и уште неколку фудбалери на Ливерпул кои би се преселиле во Лондон, а би била и доплатена одредена сума на пари.

Арсенал со сите сили ќе се бори да го задржи капитенот и прв стрелец во екипата, но му требаат и пари за да ги ангажира Кутињо и Вилијан, па се е отворено со евентуален трансфер на Обамејанг во Ливерпул.

Интересно е што Јирген Клоп веќе соработуваше со Габонецот во Борусија Дортмунд и одлично го знае квалитетот на напаѓачот.

 

- Оглас -

Најнови вести