Ќе биде дуел на ранетите во ЛШ – ПСЖ има нов проблем, се повреди Верати (Видео)

Дуел на ранетите ги чека Пари Сен Жермен и Аталанта во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а и двете екипи имаат многу проблеми пред нокаут мечот во Лисабон на 12. август.

На последниот тренинг пред денешниот пријателски меч на ПСЖ со Сошо се повреди и Марко Верати, па и неговиот настап е неизвесен на „Луж“ во Лисабон за една седмица.

По еден дуел со Чупо-Мотинг, италијанскиот репрезентативец се повреди и сега е неизвесно дали ќе игра против Аталанта.

Познато е дека Килијан Мбапе нема да настапи против ривалот од Бергамо што заедно со отсуството на Верати ќе биде голем хендикеп за француските светци.

И Аталанта има многу проблеми, пред се со отсуството на Јосип Иличиќ. Не се знае се уште дали Словенецот ќе биде подготвен за настап на 12. август.

Можно е да не играат и Паломино и Толои, а неизвесен е и настапот на голманот Голини што му создава големи главоболки на Џанпјеро Гасперини пред историскиот дуел што ќе го игра Аталанта за 7 дена.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести