18.8 C
Skopje
среда, 15 октомври 2025

Ќе даде ли Кузмановски барем 6 гола против Барса, Sport Life со понуда за стрелци во ЛШ

Ракометната треска во Битола по повод доаѓањето на Барселона на мегдан против Еурофарм Пелистер ќе има кулминација вечерва од 20.45 часот, кога почнува мечот во Лигата на шампионите.

Интересот за мечот е огромен, за првпат во својата историја битолчани играат против Барса, која е 12-кратен европски првак, а Sport Life нуди опција освен да се обложите на некоја од бројните стандардни игри за ракометни средби, да уплатите и да чекате добивка за погоден број голови на поединци.

Хендикеп границата кај капитенот Филип Кузмановски е на 5,5 голови, кај Жарко Пешевски е на 3,5 гола, а во понудата е и Домен Тајник. Од Барса, може да погодувате дали во плус или минус од поставената граница ќе бидат Блаж Јанц, Тимоти Нгесан и Лудовик Фабрегас.

Вечерва во ракометната ЛШ се играат пет натпревари, од секој тим има по тројца играчи на кои може да типувате колку голови ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести