7.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Ќе играат во баражот за СП, но останаа без селектор: „Најдобро е да си одам“

Репрезентацијата на Јамајка првото, воедно и последно, учество на Светските првенства го имаше во 1998 година во Франција. Сега беа на чекор од пласман на Мунијалот во САД, Канада и Мексико, но во последното коло одиграа без голови, 0-0, против Курасао, па ќе мора да се задоволат само со учество во интерконтиненталниот плејоф.

Иако се само на два меча од пласман на шампионатот, селекторот на Јамајка, Стив Мекларен, одлучи да се повлече од селекторската позиција.

„Најдобро е да си одам. Во текот на минатите 18 месеци дадов сè од себе за оваа работа. Водењето на оваа екипа беше голема чест за мене. По долго размислување и скрена проценка каде се наоѓаме и каде треба да одиме, одлучив да се повлечам од селекторската позиција на Јамајка. Понекогаш најдоброто е кога лидерот знае да препознае кога е потребна свежа крв, нова енергија и поинаква преспектива за да се движи екипата напред“, рече Мекларен по натпреварот против Курсао.

- Оглас -

Најнови вести