1302 Вилјареал – Бетис (19:30 ч.)
Дуел на две екипи кои имаа очајни резултати во подготвителниот период. Вилјареал во седум меча победи само еднаш, а Бетис од шест контролни дуели истотака се радуваше само еднаш.
Интересна е традицијата кога играат овие клубови. На шест од последните седум меѓусебни дуели на крајот имало меѓу два и три гола и тука очекуваме овој тренд да продолжи.
Предлог тип: 2-3 (2.04)
3143 Хајдук – Славен Белупо (21:05 ч.)
По почетните две победи на Хајдук, еуфорија владее во Сплит. На „Пољуд“ се очекува повторно да има преку 30.000 навивачи кои ќе бидат голема помош за домашниот тим.
Хајдук има три победи по ред против Славен Белупо и сите три се со ист резултат од 1:0. Славен Белупо сезонава одигра три меча и има неверојатна гол разлика од 6:10, што значи дека во просек има повеќе од пет гола на средба.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.50)
1008 Брентфорд – Тотенхем (15 ч.)
Брентфорд ниеднаш не победи во петте контролни меча, додека Тотенхем на сите четири меча кои го одигра во предсезоната играше со 5+ голови на крајот. Голем проблем за Тотенхем во пресрет на новата сезона е тоа што останаа без првата ѕвезда Хари Кејн кој замина во Баерн Минхен.
Неизвесно е да се предвиди конечниот тим, но ова би требало да биде меч со погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
1705 Рен – Мец (17:05 ч.)
Рен имаше одлична ланска сезона и малку фалеше дури да се избори за место во Лигата на шампиони, но сигурно ќе игра во Лигата на Европа.
Мец е еден од омилените ривали на Рен, па ланидва пати убедливо победија со 6:1 и 3:0, а вкупно има пет победи по ред, па и сега се очекува лесна победа на домаќините.
Предлог тип: 1-1&3+ (3.25)
1659 Еупен – Бриж (16 ч.)
Кога играат овие два клуба тоа е асоцијација на многу голови. На дури 13 од 16-те меѓусебни дуели имало барем четири погодоци, на две имало три погодоци, а само еднаш завршило 0:0.
Гостите се големи фаворити и не би требало да имаат проблем да победат во меч на кој ќе има повеќе погодоци.
Предлог тип: 2&3+ (2.16)