Пет натпревари со квоти помеѓу 2.20 и 2.60 се дел од Квотите на денот на Sport Life. Доколку се искомбинираат на ист тикет, прават квота од 63.7.
Предложената квота од 2.20 ќе биде добитна само доколку Манчестер јунајтед не загуби од Евертон во меч на кој и двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок.
Иста квота, 2.20, има и за мечот помеѓу Кадис и Атлетико Мадрид, а таа ќе биде добитна ако гостите победат на овој натпревар, но и ако во второто полувреме биде постигнат барем еден погодок.
И третиот натпревар од Квотите на денот е со коефициент од 2.20. Црвена ѕвезда во вечното дерби против Партизан треба да даде најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот меч, за да биде добитна понудената квота.
Ефикасно се очекува да биде на мечот помеѓу Болоња и Интер. Квотата од 2.30 ќе биде добитна ако во двете полувремиња бидат постигнати помеѓу еден и три гола.
Најголемата квота, 2.60, е за мечот помеѓу Вердер Бремен и Борусија Дортмунд. За да биде добитна оваа одлична квота потребно е двете мрежи да се затресат во меч на кој ќе бидат постигнати најмалку четири погодоци.