15.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Бешикташ и Ајнтрахт ќе победат дома, во лондонското дерби ќе има голови на двете страни

1008 Вест хем – Челзи (17:30 ч.)

Двата лондонски тима одиграа 1:1 во првото коло од Премиер лигата и сега во меѓусебен дуел ќе бараат нови бодови. Челзи има четири победи во последните шест меѓусебни дуели, но ретки се средбите кога гостите се радуваат.

Вест хем е офанзивно расположен и на девет од последните 10 средби кои ги одигра е со гол-гол комбинација.

Предлог тип: ГГ3+ (2.20)

 

3009 Сасуоло – Аталанта (18:30 ч.)

Две екипи кои во минатата сеозна во Серија А беа познати по нивната офанзивна игра, без многу калкулации.

Дури и во меѓусебните дуели се игра на победа, па затоа во последните 13 дуели само еднаш било нерешено, додека Аталанта има 10 победи, а Сасуоло се радувал само два пати.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

1807 Ајнтрахт Франкфурт – Дармштат (17:30 ч.)

Ајнтрахт со 7:0 во Купот на Германија ја започна новата сезона додека Дармштат одма беше елиминиран и тоа со 3:0 од Хамбург. Факт е дека домаќинот е и многу поискусен, а и според играчите со кои располага е во фаворитска улога.

Дрмштат како второлигаш влегува во Бундеслигата, а пред шест месеци загуби на гости во Франкфурт од Ајнтрахт со 4:2, во дуел од Купот.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.80)

 

1310 Бетис – Атлетико Мадрид (21:30 ч.)

Двете екипи победнички стартуваа во новата сезона, а сега Бетис ја има предноста на домашен терен. Сепак, ако се гледа традицијата, Атлетико Мадрид доминира против Бетис и го има победено шест пати во последните седум средби.

Иако Јорганџиите важат за дефанзивен тим, кога игра против Бетис, погодоците најчесто не фалат.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.94)

 

1957 Бешикташ – Пендикспор (20:45 ч.)

Нема дилема кој ќе победи. Бешикташ е во серија од седум триумфи по ред и тимот кој во турската елита влезе од Втора лига, нема да може да му биде достоен ривал. Пендикспор во првото коло дома загуби убедливо со 5:1 од Хатајспор, па сега на гостувањето во Истанбул не може да се очекува ништо повеќе од нов висок пораз.

Предлог тип: 1&4+ (2.50)

- Оглас -

Најнови вести