Ноќеска во НБА-лигата се играат само три меча, а интересно е дека може да случи на сите три да победат домаќините. Според понудените коефициенти, клубовите кои играат на свој терен се во улога на фаворити. Сепак, само Хјустон важи за апсолутен фаворит во дуелот против Јута, а на останатите две пресметки се очекува да биде многу понеизвесно.
Детроит и Сан Антонио се ставени „на граница само од 1,5 поени“, што е најава за драматична пресметка, но сепак домаќините се со малку поголеми шанси за триумф.
Мемфис пред своите навивачи игра против Сакраментно, а „кецот“ е 1.66 коефициент.

Во понудата има и над 30-мина кошаркари за играта „плус-минус“ поени. За Виктор Вамбањама границата е на 23,5 поени, а Кевин Дурант да биде „во плус“, мора да постигне над 27,5 поени.


