Ќе има мегафинале на ЛОИ: Франција после продолженија го елиминира Египет и закажа двобој со Шпанија (Видео)

Репрезентацијата на Франција е вториот финалист на фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри, откако со пресврт и после продолженија успеа да го совлада Египет со 3-1. Тоа значи дека ќе гледаме мегафинале помеѓу Шпанија и Франција за олимписко злато.

Махмуд Сабер го донесе Египет во водство во 63-тата минута, но Франција се спаси од пораз во 83-тата минута преку Жан-Филип Матета. Истиот фудбалер во 99-тата минута го донесе домаќинот на Олимпијадата во водство од 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Мичел Олисе во 108-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести