Лионел Меси ја претстави официјалната топка Ал Рихла со која ќе се игра фудбал на Мундијалот во Катар.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ќе игра со Аргентина на Мундијалот, а Катарците со него си направија и официјална промоција на топката што ја нарекоа Ал Рихла.
‘Al Rihla’ the official match ball of Qatar 2022 Fifa World Cup from soccer
Ал Рихла на арапски значи патување и домаќините со Меси им посакаа многу среќа и убава фудбалска авантура во ноември и декември годинава, кога ќе се игра Мундијалот со 32 репрезентации.
Меѓу промотерите на топката што ја изработи „Адидас“ има уште неколку познати фудбалери, а меѓу нив е Сон Хеунг-мин, репрезентативецот на Јужна Кореја и играч на Тотенхем.
https://twitter.com/brfootball/status/1509111223597555723?s=20&t=sKCP8vte472o0RWqDNwCtA