Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е пред сензационален трансфер од Лајпциг во Манчестер Сити за 100 милиони евра. Фудбалерот пред само две години беше купен од Динамо за 18.8 милиони евра, а со овој трансфер ќе заработат и Лајпциг и клубот од Загреб.
Сега Лајпциг подготвува нов трансфер од Динамо. Заменета за Гвардиол треба да биде хрватскиот репрезентативец Јосип Шутало. Неговиот трансфер од Загреб во Германија треба да изнесува неверојатни 25 милиони евра, што ќе претставува нов рекорд за излезен трансфер од Динамо, но и рекорд во бившо-југословенските простор. Ниту еден друг клуб од овој дел на Европа не направил таков трансфер.
Во моментов рекордот го држи Динамо со трансферот на Марко Пјаца во Јувентус за 23 милиони евра во 2016-тата година.